Советот на Општина Куманово утре со почеток во 10 часот во кружната сала на поранешен Комитет ќе ја одржи својата 30. седница.
На дневен ред пред советниците ќе се најдат вкупно 17 точки меѓу кои извештајот на Полициската станица, извештаи на неколку јавни претрпијатија, ангажирање работници во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ и други.
Сепак најважна точка на дневен ред е предлог одлуката субвенционирањето на градскиот линиски превоз до крајот на 2023 година.
Во продолжение целосниот дневен ред:
1. Информација за превземени мерки и активности од страна на Полициска станица од општа надлежност Куманово во текот на првото полугодие од 2023 година;
2. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за период од 01.04.2023 – 30.06.2023 година;
3. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за периодот Април – Јуни 2023 година;
4. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополнување на Годишен план за вработување во 2023 година на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;
5. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2024 година на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;
6. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена на Статутот на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;
7. Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;
8. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2023 година;
9. Предлог – Одлука за давање согласност на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово за вработување на работници на определено време по пат на јавен оглас;
10. Предлог – Одлука за давање согласност на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово за ангажирање на 12 работници по пат на отстапување од агенција за привремени вработувања за период до 1 (една) година;
11. Предлог – Решение за давање на мислење на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на ООУ „Карпош“ с. Умин Дол – Куманово;
12. Предлог – Решение за давање на мислење на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ООУ „Вера Которка“ с. Клечовце – Куманово;
13. Програма на Комисија за еднакви можности помеѓу мажите и жените на Општина Куманово за 2023/25 година, со акциски план;
14. Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово;
15. Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за субвенционирање на линиски превоз на патници за линии утврдени со Спогодба за утврдување на заедничко организирање на извршување на линиски превоз на патници помеѓу Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане;
16. Предлог – Одлука за донесување на ДУП за дел од УЕ „Тоде Мендол“, дел од УБ 60, плански опфат помеѓу ул. „Тоде Мендол“, ул. „Марко Орешковиќ“, ул. „Васа Пелагиќ“ и ул. „1“ – Општина Куманово;
17. Предлог – Одлука за пренесување во сопственост на движна ствар на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово.
Никола Ивановски