Усвоена Одлуката за владините стратешки приоритети во 2021 година

Сподели со своите пријатели

Владата на денешната седница ја усвои Одлуката за утврдување на стратешките приоритети во 2021 година.

Loading...

Обезбедување забрзан и одржлив економски раст, повисок животен стандард и квалитет на живот на граѓаните, справување со светската пандемија предизвикана од КОВИД-19, успешно водење на пристапните преговори со ЕУ, владеење на правото, независност на правосудството, доследна и неселективна борба против криминалот и корупцијата со широка и обврзувачка транспарентност; квалитетно образование достапно за сите согласно побарувачката на пазарот на трудот, како и модерна и ефикасна јавна администрација базирана на дигитализација која обезбедува квалитетни и брзи услуги за граѓаните и деловните субјекти, се дел од приоритетите на Владата.

Во стратешките приоритети спаѓаат и целосно спроведување на Охридскиот рамковен договор и градење граѓанска држава со етничка и социјална кохезија врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување, како и заштитата на животната средина, зелен развој, намалување на аерозагадувањето и влијанието на климатските промени.

Мирјана Чакарова

Leave a Reply