Уставниот суд го укина балансерот за етничко вработување во јавна администрација

Сподели со своите пријатели

Уставниот суд денеска укина делови од одредби на Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административни службеници, Методологијата за планирање на вработувањата на јавниот сектор кои ги содржат зборовите „припадност на заедница, Правилникот за задолжителни елементи на јавниот оглас, Правилникот за формата и содржината на регистарот на вработените во јавен сектор”, како спротивни на Уставот.

Loading...

Со оспорените одредби Законодавецот наметнува обврска на кандидатите за административни службеници во пријавата за вработување да се изјаснат за припадност на одредена заедница, со што директно се прекршува уставното загарантирано право на слободно изразување, односно неизразување за одредена национална припадност, односно припадност на заедница.

Уставниот суд веќе има одлучувано за вакви прашања и во предметот У.бр.92/2023 од 28.02.2024 година укина одредби од Законот за матичната евиденција и зазема став дека националната припадност е лично чувство на граѓанинот и како такво може да биде менливо, но и му остава право на избор на граѓанинот да се изјасни за својата припадност, или да не се изјасни.

Судот утврди дека оспорените одредби се спротивни на основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени со Уставот; слободното изразување на националната припадност и соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа, владеењето на правото и почитувањето на општо прифатените норми на меѓународносто право како темелни вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија загарантирани со член 8 став 1 алинеи 1, 2, ,3 и 11 од Уставот.

Судот оцени дека не е почитуван уставниот принцип на еднаквост на граѓаните пред Уставот и законите, кој е утврден со член 9 од Уставот, како и правото на достапност на секое работно место, секому под еднакви услови, загарантирани со член 32 од Уставот, а со тоа и повредуваат и членовите 25 и 54 од Уставот.

Укинати одредби:

Член 19 став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“,од Законот за вработените во јавен сектор и член 36 став 1 алинеја 1 во делот „и припадност на заедница“ од Законот за административни службеници,

– оценување на уставноста и законитоста на член 2 став 1 алинеја 8 во делот „припадноста на заедницата/заедниците“, член 2 став 2 и 3 член 3, став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“ од Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и на пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор бр.12/1-42/4 од 27.02.2015 година, член 3 став 1 алинеја 8 од Правилникот за формата и содржината на регистарот на вработените во јавниот сектор, начинот на неговото водење, начинот на пристап користење, обработка на податоците, како и начинот на обезбедување одговорност за веродостојноста и безбедноста на податоците бр. 14/2-2766/3 од 29.08.2014 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 132/2014) и Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно со начелото за соодветна и правична застапеност, како и формата, содржината и образецот на годишниот план за вработување и извештајот за реализација на годишниот план за вработување бр.0402-313/1 од 25.03.2016 година.

Loading...