Успешно тестирана вакцина против двата најсмртоносни карциноми во светот

Сподели со своите пријатели

Научниците од Elicio Therapeutics произведоа вакцина која може да помогне во спречување на два од најсмртоносните видови на рак во светот – на дебелото црево и панкреасот.

Loading...

Преку првите студии на луѓе, откриено е дека вакцината го намалува ризикот од повторување кај сто проценти од пациентите на кои им бил отстранет туморот, но сепак имале маркери за рак во крвта.

„Иако се потребни многу поопсежни студии за да се потврди ефикасноста на лекот, оваа вакцина може да ја зголеми стапката на преживување кај ракот на дебелото црево и панкреасот“, изјавија научниците за Дејли Меил.

Стапката на преживување во моментов по пет години е само 12,5 проценти за рак на панкреасот, односно 63 проценти за рак на дебелото црево.

Позитивната страна е тоа што за разлика од другите експериментални вакцини за рак во развој, оваа не треба да се прилагоди на секој пациент, што ја прави подостапна и поевтина.

Што се однесува до самите тестови, тие биле спроведени на 25 пациенти кои имале рак на панкреасот или дебелото црево.

На сите им биле отстранети туморите хируршки, но сепак во крвта имале биомаркери за рак, што доведува до висок ризик за враќање на болеста.

„Тоа е периодот во кој личноста која за жал не е излечена има најмалку рак во својот систем“, рече Паштон Каси, директор на истражувањето за рак на дебелото црево во Weill Cornell Medicine.

Loading...

Вакцината користи два пептиди, G12D и G12R.

Тие се врзуваат за албумин, протеин во телото кој ги транспортира масните киселини до лимфните јазли.

Албуминот ѝ помага на вакцината да патува директно до лимфните јазли, каде што го активира имунолошкиот систем.

Ова е различно од другите пептидни вакцини, вели Каси, бидејќи сличните вакцини имаат бајпас, што значи дека патуваат до органите што не им се потребни и се деградираат во тој процес.

Во текот на лекувањето вакцината се инјектира и на рацете и на нозете, односно се даваат вкупно четири инјекции неделно во период од четири недели.

Пациентите го продолжиле овој процес секоја втора недела две недели, а потоа направиле пауза пред да започнат со тримесечниот бустер.

Фазата после вакцинацијата е неопходна бидејќи по одредено време имунолошкиот одговор на вакцината слабее.