Јжноафриканските хирурзи успешно ја извеле третата трансплантација на пенис во светот и тоа на 40-годишен маж кој без својата машкост останал пред 17 години при обрежување.
Мажот добил нов пенис, но иако сето тоа минало во најдобар ред, сепак има мал проблем. Трансплантираниот пенис има поинаква боја од бојата на кожата на мажот кој го добил.
Но, лекарите тврдат дека проблемот со бојата ќе се реши со тетовирање до крајот на годината. Операцијата траела 10часа а ја извел тим лекари кој ја извел и првата трансплантација на пенис во светот.
Се оечкува дека за шест месеци по операцијата мажот ќе може да ги користи половите органи, а ќе му се врати и репродуктивната функција.

