Успешна недела за ТК „Тумба“ – успех на ветеранките и младинците (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Одлична недела за кумановскиот тениски клуб „Тумба“, кој оствари значајни успеси и на натпреварите за ветерани и во младинската конкуренција.

По пауза од 13 години, Тениската федерација на Македонија повторно го организираше турнирот за тениски ветеранки, каде што „Тумба“ забележа извонредни резултати.

Првото место го освои Марија Златевска, а бронзениот медал ѝ припадна на Катерина Димковска. Успешен настап имаше и Драгица Томовска, која стигна до четвртфиналето.

Турнирот се одржа на терените на ТК „Мондано“ во Скопје и беше оценет како исклучително добро организиран.

Паралелно, успехот на клубот го заокружи и 14-годишниот Алексеј Стојановски, кој го освои завршниот мастерс турнир во категоријата јуниори до 14 години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Продолжува изградбата на инфраструктурата во Куманово (ВИДЕО)

 

 

Во финалето, Стојановски со 2:0 во сетови (6:3, 6:4) го совлада Марин Стефановски од скопскиот ТК „ИТЦМ“.

Од клубот изразија задоволство од резултатите и упатија честитки до сите натпреварувачи, истакнувајќи дека овие успеси се потврда за континуираната работа и раст на кумановскиот тенис.

Никола Ивановски