Младиот и многу талентиран македонски тенисер Калин Ивановски имаше успешен старт на најпрестижниот и најголем тениски Грен Слем турнир Вимблдон. По една година пауза поради коронавирусот Вимблдон се враќа годинава.
View this post on Instagram
Седумнасет годишниот Калин Ивановски кој настапуна во категоријата Јуниори стартуваше со победа против десетиот носител на турнирот Дали Бленч од САД со тесни и неизвесни 7:5 7:6.
Ова е најголемиот успех на Калин досега со самото тоа што прв пат настапува на еден Грен Слем.
Во моментов е рангиран како 62 јуниор на светот, а на АТП листата го зазема 1654 место.
View this post on Instagram
Следен противник на Ивановски на Вимблдон е Литванецот Едас Бутвилас кој е 51 на листата на јуниори.
Мечот се игра денеска со почеток од 13 часот на All England Club терените во Лондон.
View this post on Instagram
M.Ф