Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне претежно во северните делови со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен до засилен ветер, во западните делови од западен, а вдолж Повардарието најпрво од јужен, а попладне од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло претпладне. Во попладневните часови се очекува зголемување на облачноста што ќе донесе услови за врнежи од дожд проследени со грмотевици.
Максималната дневна температура во кумановско денеска ќе достигне до 31 степен.
Од среда ќе има повремено зголемување на облачноста и позначително намалување на температурата проследено со северен ветер. Локален пороен дожд и грмежи се очекуваат во петок и во сабота, додаваат од УХМР.