Уште само 4 дена до Red Sound District

Сподели со своите пријатели

Во сабота, 9 април, со почеток во 23:00 часот, ќе се оддржи второто издание на Red Sound District фестивалот. Како и минатата година, журката повторно ќе се оддржи во култниот МКЦ.

Loading...

Концептуално, RSD претставува средба на 2 града: Aмстердам и Скопје. Па така, и годинава имаме гости од Холандија кои ќе ја разиграат публиката.

Внимателно одбраниот лајнап е составен од гостите: Florinsz Janvier, Francesco Robustelli Live, ME.N.U. и David Hülsken, додека домашна поддршка ќе бидат Mirko Popov, Nikola Simonovski и Vidinovski. Артистите ќе бидат поделени на 2 стејџа, и очекуваме одлична забава која ќе трае до раните утрински часови.

Инзвондредното прво издание на Red Sound District привлече голем број на посетители, кои не останаа рамнодушни на фантастичната музичка селекција на перформерите. Како што велат организаторите, токму реакциите на публиката се мотив за повторно организирање на настанот, и за годинава ветуваат уште подобра журка од минатата година.

Влезниците се веќе во продажба по супер цена од 150 денари. На денот на настанот цената ќе биде иста до полноќ, за потоа да порасне на 200 денари. Истите може да се набават на билетарата во МКЦ. Поради лимитираниот простор, влезниците се во ограничен број.