Педесет и петгодишен маж и и 23-годишно момче од кратовското село Железница вчера загинаа во сообраќајна несреќа на патот Куманово – Крива Паланка.
– На 03.05.2020 во 09.40 часот било пријавено дека на патот Куманово – Крива Паланка, на место викано „Чешмиче“, пред с.Страцин, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фиат пунто“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(55) од с.Железница и патничко возило „фиат пунто“, со кратовски регистарски ознаки, управувано од И.М.(26) од Битола, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во незгодата од здобиените повреди починал Б.Ѓ., додека сопатникот од истото возило Ф.Ѓ.(23) од с.Железница и И.М. биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош, каде Ф.Ѓ. починал.
Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски