Шеесет и деветгодишна кумановка е последна жртва на популарната измама со продажба на огревни дрва, во која потенцијалните купувачи остануваат без своите пари, но и без ветените дрва.
Loading...
– На 30.08.2021 година во 19.40 часот во СВР Куманово, 69-годишна жена од кумановско село пријавила дека била измамена од едно лице, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Според пријавеното, лицето и понудило огревни дрва и откако се договориле му платила, по што пријавениот и кажал да го чека со образложение дека ќе го донесе камионот со дрва, но после тоа не се појавил.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски