Уште една кумановка наседна на биткоин измама: Останала без 88.000 денари

Сподели со своите пријатели

Педесет и деветгодишна кумановка е најнова жрвта во онлајн измамата со биткоини, при што останала без 88.338 денари.

Loading...

– На 21.11.2024 во 11.40 часот во СВР Куманово, 59 – годишна жена пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 88.338 денари, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, лицето и се претставило дека е од „агенција за биткоини“ и ѝ кажало дека на нејзината сметка има биткоини во вредност од 900.000 денари и побарало од неа да му го даде бројот од нејзината трансакциска сметка за да ѝ ги префрли парите.

Како што е пријавено, за да може да и ги префли парите требало да има одредена сума пари на сметката, а откако пријавителката подигнала брз кредит парите и биле повлечени од сметката, но не добила надомест за биткоините.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

И во претходниот случај кумановец остана без 200.000 денари, пари кои ги земал преку брз кредит со надеж дека ќе дојде до исплата за биткоин.

Никола Ивановски