Пожарот кој изминатите денови беснееше во кумановско Бељаковце и кратовско Димонце вчера изгоре уште два објекти.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи тројца пожарникари вчера интервенирале на стара куќа и бандери кои биле опожарени во Бељаковце. Интервенцијата траела во период од 14:30 до 21:40 часот.
Двајца пожарникари од ТППЕ Старо Нагоричане интервениралеи во селото Димонце каде горел помошен објект. Интервенцијата траела од 14 до 16 часот.
Покрај тоа кумановските пожарникари вчера интервенирале и на запалена сува трева во селот Умин дол, но и во населбата Бедиње.
Пожарникаритеод Старо Нагоричане вчера интервенирале и во селото Сув Орах на запалено суво дрво во период од 12:30 до 13:30 часот.
Никола Ивановски