Уште една измама со огревни дрва во Куманово: Жртвата останала без 9.000 денари

Сподели со своите пријатели

Осумдесет и двегодишна кумановка и нејзиниот сопруг се најнови жртви во измамата со огревни дрва во Куманово.

Loading...

– На 18.12.2023 во 12.30 часот во СВР Куманово, 82-годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 9.000 денари, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, лицето и понудило огревни дрва и откако се договориле, нејзиниот сопруг со лицето се упатиле на местото каде наводно биле складирани, но лицето подоцна се вратило и ѝ кажало дека камионот со дрва се расипал и ќе му требаат парите за поправка и таа му ги дала парите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неколку кумановски села денеска и утре без струја

– Подоцна, нејзиниот сопруг се вратил без дрва, по што сфатиле дека се измамени, велат од кумановската полиција.

Отаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски