Уште еден кумановец жртва на измамата со огревни дрва

Сподели со своите пријатели

Седумдест и четиригодишен кумановец е нова жртва во измамата со огревни дрва која се провлекува со години низ градот.

Loading...

– На 05.01.2024 во 13.10 часот во СВР Куманово, 74-годишен маж од Куманово пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 3.000 денари, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, лицето му понудило огревно дрво и откако се договориле му побарало пари за да го наполни камионот со гориво и дека ќе ги донесе, но не се вратило.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Започна уредувањето околу Спортската сала во Куманово (ФОТО)