Уште двајца полицајци казнети поради смртта на Николс

Сподели со своите пријатели

Полицијата на американскиот град Мемфис казни уште двајца полицајци поради нивната вмешаност во апсењето, претепувањето и смртта на Афроамериканецот Тајри Николс.

Loading...

Ова го прошири кругот на одговорните за убиството, кое веќе доведе до обвиненија против петмина полицајци и предизвика нови протести поради уште еден пример на полициска бруталност, јавува Гласот на Америка.

Полицаецот Престон Хемфил, кој е бел, бил ослободен од должноста набргу по апсењето и претепувањето на Николс, кој починал три дена подоцна во болница, изјави портпаролката на полицијата Карен Рудолф.

Рудолф рече дека информациите за дисциплинската постапка против Хемфил не биле веднаш објавени бидејќи не бил отпуштен, а полицијата обично објавува вести за полицајците кои се казнети по завршувањето на истрагата.

Адвокатот на Хемфил рече дека неговиот клиент бил присутен кога Николс бил запрен, но не бил на другата локација каде полицајците го претепале и дека соработува со истрагата.

На снимката од полициската камера може да се слушне Хемфил како вели дека го зашеметил Николс и рекол: „Се надевам дека ќе го згазнат“.

Полицијата подоцна во понеделникот објави дека уште еден полицаец е разрешен од должноста.

Официјалните лица не го соопштуваат неговото име или како тој е поврзан со инцидентот.

Loading...

Противпожарната служба во Мемфис соопшти дека отпуштила тројца службеници поради смртта на Николс, наведувајќи серија прекршувања на процедурата и протоколот.

Николс добил лекарска помош 27 минути откако пристигнале првите екипи за итна помош.