Во текот на изминатата недела на подрачјето на Куманово (заедно со Липково) пријавени се вкупно 197 нови случаи на коронавирус, а шест лица ја загубиле битката со болеста.
Споредбено со неделата претходно бројот на новозаболени е ист, и тогаш биле регистрирани точно 197 случаи. Кај починатите се бележи мал пораст, со оглед дека во првата недела од март починале пет лица.
Заклучно вчерашниот извештај на Министерството на здравство на подрачјето на Куманово активни се 410 случаи.
Од петте починати лица изминатата недела, најмладиот имал 71, а највозрасниот 72 години.
Најголем број на случаи се регистрирани во среда на 10 март, вкупно 45 нови позитивни.
Од почетокот на пандемијата Куманово бележи вкупно 5.983 заразени лица, или во проценти 4,18% од жителите. Од нив оздравени се 5.355 лица, а вкупно починати се 218.
Во овој момент Куманово има 410 активни случаи, што го става на 5то место во државата. Пред Куманово според бројот на активни случаи се Скопје со 5.695, Прилеп со 823, Кавадарци со 616 и и Охрид со 464.
Податоците се собрани од дневните извештаи на Министерството за здравство и сајтот gdi-sk.
Никола Ивановски