Уругвај престана да ги вакцинира децата помлади од 13 години против коронавирусот, по судска наредба.
Loading...
Судијата нареди да се стопираат вакцинирањето додека официјалните лица не покажат договори потпишани со производителите на вакцини.
Судијата Алехандро Рекари ја донесе одлуката врз основа на петицијата поднесена од адвокатот Максимилијано Дентоне, водач на група активисти против вакцините.
Вакцинацијата на децата под 13 години беше доброволна, а владата рече дека ќе се жали на одлуката, велејќи дека таа претставува закана за јавното здравје.
Министерството за здравство соопшти дека ќе продолжи вакцинацијата на сите постари од 13 години.