Германската политичарка Урсула фон дер Лајен е избрана за нова претседателка на Европската комисија. За неа гласале 383 од 733 пратеници на Европскиот парламент.
– Довербата која ми ја дадовте е довербата на Европа, силна Европа од свер до југ и од исток до запад, била првата реакција на новиот европски лидер.
Претходно таа ја претстави и својата програма и визија.
– Со голема почит гледам на настојувањата на средноевропските источноевропските земји, кои вложија огромен труд и се уште го вложуваат да станат членови на ЕУ, Шенген и еврозоната и кога ќе ги исполнат критериумите, тоа достигнување треба да се награди, порача таа пред гласањето.
Повеќе пратеници, меѓу кои и некои од нашиот регион, сакале да знаат каков е ставот на Урсула фон дер Лајен за проширувањето, а имало и такви кои ја истакнале важноста да се продолжи овој процес поради стабилноста на Европа, како и потребата соодветните средства да се насочат во таа насока.
Претставувајќи ја својата програма, таа истакнала намера да се бори и против климатските промени, социјалната правда, родова рамноправност, бескомпромисно владеење на правото и ефикасна наворешна политика.
Хрватскатапратеничка Ружа Томашиќ порачала дека некои најави на фон дер Лајен, вклучително и оние за политичка интеграција, заедничка војска и поголеми работнички права, ја потсетуваат на времето кога живеела во Југославија.
– А знаеме како тоа се заврши, додала таа.
фото: Youtube printscreen