Еден шегобиец изведе смешен трик во кој се маскираше во кукла во бутик и ги плашеше клиентите.
На видеото, кое стана вирален хит, момчето се маскираше во кукла и застана покрај другите изложени кукли. Пред него постави банкнота од пет долари, знаејќи дека некој ќе се наведне заради тоа.
Не мораше долго да ја чека првата жртва. Кога тинејџерот се обидел да ја земе банкнотата, „куклата“ му рече:
„Еј, моја е“, а момчето скокна од страв.
После тоа, тој исплаши пар што му признаа дека станува збор за голема шега. „По ѓаволите, тоа беше добро“, му рекоа.
Оваа шега не им се допадна на вработените во бутикот
Една девојка се наведнала над вештачката рака што младиот човек ја оставил пред него за да ја облече куклата, но таа не знаела дека станува збор за личност. Кога шегобиецот почнал да зборува, таа пребледела од страв и почнала да се смее.
– Што? Раката ми падна – и рече тој.
Неколку жртви решија да направат селфи со куклата во живо, што докажа дека не го обвинуваат.
Сепак, вработените во бутикот му се заканија на момчето дека ќе го исфрлат, а откако тој ги игнорираше нивните предупредувања, тие испратиле обезбедување да го исфрлат.