Во Куманово во тек се повеќе инфраструктурни активности за уредување на улици и паркинг простори, информира градоначалникот Максим Димитриевски.
На улица „25“ се поставуваат бекатонски плочки со цел да се подобри пристапноста и визуелниот изглед на овој дел од населбата.

Во меѓувреме, улица „36“ е целосно уредена, па граѓаните веќе можат да се движат по нова, функционална и безбедна површина.

Во населба Гоце Делчев се вршат подготовки за асфалтирање на паркинг простор кај објектот „Шипад“.

Паралелно, во населба Карпош завршени се работите на улица „39“, каде е поставена нова бекатонска површина, а слични активности се изведуваат и на улица „35“.

„Чекор по чекор, работиме за поубаво и поурбано Куманово“, порача Димитриевски.
Никола Ивановски

