Ураганот Идалија е се посилен, продолжи кон Флорида

Сподели со своите пријатели

Ураганот Идалија се движи кон брегот на Флорида каде властите издадоа наредби за евакуација и ги повикаа жителите да се подготват за бурата, која се засили од утрово.

Loading...

Ураганот е од трета категорија и се очекува да го достигне четвртото ниво пред да стигне до Флорида наутро, соопшти Американскиот центар за урагани (NHC), пренесува агенцијата Франс прес.

Идалија до синоќа беше придружен со ветрови со брзина од околу 100 киломтери на час, но се очекуваат посилни ветрови кога ураганот ќе го погоди брегот, соопшти NHC со седиште во Мајами.