Ураганот Елса пристигнува на Флорида: Вонредна состојба, затворени училишта, одложени летови

Сподели со своите пријатели

Ураганот Елса денес се закани на северниот брег на Флорида, откако регионот на заливот Тампа беше погоден од бурен ветер и силен дожд, а властите го повикаа населението да биде внимателно и прогласија итни мерки за неколку области.

Гувернерот на Флорида Рон Десантис го повика населението сериозно да ги сфати предупредувањата и да не патува непотребно и рече дека циклонот се очекува да стигне до крајбрежјето денес, каде што се во сила итни мерки за поголемиот дел од областа, пренесува АП.

Нема извештаи за штети или повредени во областа Тампа Беј, која беше изложена на силен ветер, кој достигна максимум 120 километри на час од утрово, според Националниот центар за урагани.

Училиштата и јавните установи во областа Тампа беа затворени, а повеќето јавни настани беа одложени во вторникот со приближувањето на Елза, додека меѓународниот аеродром во Тампа ја прекина работата во 17 часот.

Синоптичарите очекуваат Елса да помине низ внатрешноста на Северна Флорида како тропска бура со обилни дождови и ветер, а потоа да се упати кон Џорџија, Северна и Јужна Каролина и Вирџинија пред да се упати преку Атлантскиот Океан каде се очекува до петок.

Кубанските власти претходно евакуираа 180.000 луѓе поради можност за големи поплави што веќе погодија неколку карипски острови, при што загинаа најмалку три лица.

Промената на движењето на Елса на запад ги поштеди долните Флорида Кис од директен удар, но дождот и ветровите беа многу силни и обилни.

Leave a Reply