Кривични пријави заработија управителот на „Златен клас-транспорт-Куманово, “, Ј.П. (40), како и И.Ј. (32) и С.П. (56), контролори во АМД „ Киро Бурназ“-Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Имено, Ј.П. во службен весник ги прогласил за неважечки сообраќајните дозволи за товарно возило „Ивеко“ и приклучно возило „Карди“ ,сопственост на „Златен клас-транспорт“, иако знаел дека не се изгубени , односно истите се со истечена регистрација, со кои по негов налог се вршел транспорт на стоки во Анверпен-Белгија. На 07.05.2013 година, првопријавениот поднел барање за издавање на дупликат сообраќајни дозволи, а откако добил дупликат, поднел барање за продолжување на регистрацијата на наведеното товарно возило.
Второ и трето пријавените на 07.05.2013 година, како контролори во Авто мото друштвото „Киро Бурназ“-Куманово, постапувајќи спротивно на законските прописи, иако возилата воопшто не биле донесени во станицата за технички преглед ставиле потпис и печат за наводно извршен технички преглед и продолжување на регистрацијата.
Секторот за внатрешни работи Куманово ги поднесе кривичните приајви во текот на вчерашниот ден.