Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека нивните ракети во текот на ноќта уништиле четири складишта за гориво во украинските градови Николаев, Харков, Запорожје и Чугуев, јави Танјуг.
Loading...
Според соопштението на министерството, тие објекти Украина ги користела за снабдување на своите војници во близина на градовите Николаев и Харков и во регионот на Донбас на крајниот југоисток, пренесува Ројтерс.