Портпаролот на Канцеларијата на Обединетите нации за човекови права (УНХЦР) Тамин Ал-Китан предупреди дека ризикот од глад е присутен насекаде во Појасот Газа.
Тој на прес-конференција во вторник изјави дека таквата ситуација е директна последица од политиката на израелската влада за блокирање на хуманитарната помош, според соопштението објавено на веб-страницата на ОН.
Ал-Китан инсистираше дека во последните недели израелските власти дозволиле влез на помош во количини „далеку под она што би било потребно за да се спречи широко распространет глад“.
ОН во понеделник соопшти дека во окупираната палестинска енклава се пријавуваат смртни случаи поврзани со глад, вклучително и меѓу децата.
„Додека израелската армија ги интензивираше своите напади на север од окупираната палестинска енклава, таа исто така продолжи да издава наредби за раселување на Палестинците“, рече Ал-Китан и презентираше дека на жителите на Газа им е наредено да се преселат во областа Ал-Маваси, и покрај континуираните воздушни напади и катастрофалните услови во областа, пренесува Танјуг.
Според него, стотиците илјади Палестинци раселени во Ал-Маваса имаат мал или никаков пристап до основни услуги и залихи, вклучувајќи храна, вода, електрична енергија и шатори.