УНХЦР: Речиси 2,7 милиони луѓе ја напуштија Украина

Сподели со своите пријатели

Речиси 2,7 милиони луѓе ја напуштија Украина, а речиси 1,7 милиони завршија во Полска, соопшти денеска Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

„Бројот на луѓе во движење укажува на најбрзо растечката бегалска криза во Европа од Втората светска војна“, изјави вчера комесарот на УНХЦР Филипо Гранди за Си-Ен-Ен.

 

Француски активист упаднал во вилата на ќерката на Путин, тврдат медиумите (ВИДЕО)

 

Додека многу жители од централна и источна Украина се преселија во западните делови на земјата и надвор од фронтот, повеќе од 2,5 милиони Украинци целосно заминаа по рускиот напад врз Украина на 24 февруари, според најновите проценки на Обединетите нации за бегалците.

Според УНХЦР, Полска примила повеќе од 1,6 милиони Украинци, што секако е најголемиот број бегалци што ги прими една земја.

Од почетокот на војната, повеќе од 245.000 Украинци влегле во Унгарија, додека над 195.000 побегнале во Словачка.

 

ОБЈАВЕНА СНИМКА: Пожарникарите спасуваат луѓе од станбени згради во Киев (ВИДЕО)

 

„Повеќе од 328.000 бегалци пристигнаа во Молдавија“, изјави Николас Попеску, министер за надворешни работи на земјата.

Во исто време, повеќе од 173.000 бегалци избегаа во соседна Романија, според УНХЦР.

Илјадници Украинци пристигнаа во други европски земји, вклучувајќи ги Германија, Австрија, Хрватска, Естонија, Грција, Ирска, Италија, Литванија, Холандија, Португалија и Шведска.

 

Украина: Соборивме четири руски авиони во еден ден

 

Жените и децата главно ја напуштаат Украина, бидејќи на мажите на возраст меѓу 18 и 60 години им е забрането да ја напуштаат откако националната влада воведе воена состојба.