УНХЦР ги повика соседите на Украина да ги отворат границите за бегалците

Сподели со своите пријатели

Агенцијата за бегалци на ОН денеска соопшти дека ситуацијата во Украина забрзано се влошува и ги повика соседните земји да ги отворат границите за прием на бегалци.

Loading...

„Веќе видовме извештаи за жртви и дека луѓето почнуваат да бегаат од своите домови на безбедно“, рече во изјавата на високиот комесаријат на ОН за бегалци Филипо Гранди, пренесе Ројтерс.

Тој рече дека УНХЦР ги интензивирала своите операции и дека работи со украинските власти за да обезбеди поголема хуманитарна помош.