УНХЦР: Денеска или утре ќе се премине бројката од 2 милиони бегалци од Украина

Сподели со своите пријатели

Високиот комесаријат на ОН за бегалци Филипо Франди изјави дека денеска или утре се очекува да биде надмината бројката од два милиони украински бегалци кои бегаат од руската инвазија.

– Мислам дека денеска или најдоцна утре ќе ја поминеме границата од два милиони бегалци, изјави Гранди на прес-конференција во Осло.

 

Руско Министерство за одбрана: Нашата армија уништи 258 воени објекти во Украина

 

Високиот претставник на ОН го изјави ова по посетата на Романија, Молдавија и Полска, кои граничат со Украина и прифаќаат бегалци.

Гранди потсети дека „војните на Балканот, БиХ и Косово“ исто така предизвикаа огромен прилив на бегалци „околу два или три милиони, но во период од осум години“.

 

Зеленски: Се бориме за правото на живот, тоа окупаторите сакаат да ни го одземат

 

Тој додаде дека речиси два милиони украински бегалци избегале за краток временски период, од 24 февруари, кога започна руската инвазија.

По неколку неуспешни обиди, Русија вети дека денеска ќе отвори хуманитарни коридори за да им овозможи на илјадници цивили да избегаат од неколку украински градови.