Четириесет и седумгодишник од Унгарија вчера бил приведен на граничниот премин Табановце откако во возилотому била пронајдена марихуана.
– На 20.05.2025 во 08.20 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишија од слобода Ц.З.(47) од Унгарија. При гранична контрола и преглед во возилото со унгарска национална ознака, кое го управувал, над ветробранско стакло во тапацир пронајдена и одземена е марихуана информираат од Министерството за внатрешни работи.
Увид извршила екипа од СВР Куманово, а дрогата е одземена за понатамошна постапка.
– По целосно документирање на случајот, во консултација со јавен обвинител, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски