Унгарската претседателка Каталин Новак го предупреди НАТО да не се вклучува во конфликтот во Украина, пренесува агенцијата МТИ.
Таа потсети дека вооружениот конфликт во Украина трае околу една година.
– Мораме да бидеме прагматични по ова прашање, но мора да размислуваме и за опстанокот на Европа. Организацијата на Северноатлантскиот договор мора да остане надвор од војната, да не дозволи емоциите да надвладеат и да бидат вовлечени во конфликтот – рече Новакова на средбата со странските амбасадори во Будимпешта.
Таа во обраќањето пред амбасадорите истакна дека Унгарија смета на разбирањето на другите земји.
Унгарија ги осуди руските акции од самиот почеток на украинскиот конфликт, но, за разлика од другите земји на НАТО, одби да го снабдува Киев со оружје.
Будимпешта постојано повикува на мирно решавање на ситуацијата во Украина преку преговори и предупредува на чекори кои водат кон ескалација на конфликтот.
Во исто време, Унгарија обезбедува хуманитарна помош за Украина и обезбедува помош за украинските бегалци.