Унгарија не е подготвена да се откаже од снабдувањето со нафта од Русија преку гасоводот „Дружба“, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Како што додаде, Будимпешта планира да увезе 8-8,5 милијарди кубни метри гас од Русија оваа година, пренесува „Спутник“.
„Нафтоводот „Дружба“ е главната рута за испораки во Унгарија. Не сакаме да се откажеме од него бидејќи хрватскиот гасовод нема капацитет да обезбеди доволно нафта за Унгарија“, изјави Сијарто пред новинарите на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.
Кога станува збор за гасот, Сијарто потсети дека Унгарија има долгорочен договор според кој добива 4,5 милијарди кубни метри гас.
„Имаме и дополнителни договори. Значи, речиси сум убеден дека капацитетот на гасоводот „Турски тек“ ќе биде максимален. Станува збор за околу 8-8,5 милијарди кубни метри гас што пристигнуваат во Унгарија“, рече тој.
Унгарија се бори против предлогот на ЕК за суспендирање на испораките на руски гас
Сијарто, исто така, рече дека Унгарија ќе продолжи да се бори против предлогот на ЕК за откажување од рускиот гас.
„Го отфрламе предлогот на ЕК… Ќе се бориме против него затоа што не сакаме да се откажеме од нашата енергетска соработка со Русија. Руските испораки досега беа сигурни. Тие се евтини. И бидејќи другите опции се или поскапи или помалку сигурни, не сакаме да ги менуваме изворите“, рече тој.
Меѓународниот економски форум се одржува од 18 до 21 јуни, а Спутник е медиумски партнер.