УМС на ВМРО-ДПМНЕ Куманово организираше крводарителска акција (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово денеска организираше крводарителска акција во своите партиски простории, заедно во сарботка со Црвениот крст.

 

 

– Денешната крводарителска акција започна во 11 часот, а ќе трае до 15 часот. Акцијата се надеваме дека ќе има голем одзив и дека ќе собереме над 50 крвни единици. Дарувајќи крв, спасуваме нечиј живот, изјави Невена Величковска, член на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Инаку, денешната крводарителска акција е организирана во чест на уставобранителите кои се затворени, според Вечичковска, неправедно во Казнено-поправниот дом Шутка.