УМС на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги запознае кумановци со проектите и мерките на Владата

Сподели со своите пријатели

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во четврток со почеток од 19 часот, ќе ги информира граѓаните на Куманово за проектите и мерките на Владата на Република Македонија.

Тие велат дека во последните месец и половина Владата најави нови мерки и проекти  наменети за младите кои се моторот и иднината на современото општествто.

Новите Проектите кои до пред некое време беа идеи, потврдуваат дека гласот на младите луѓе се слуша и дека младите како свој најголем партнер го имаат ВМРО ДПМНЕ.Секојдневните наши потреби наидоа на разбирање и станаа приоритет во работењето на Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ – вели Марио Цветковски, претседател на УМС на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Како дел од проектите и мерките тие ги посочија: „Купи куќа за млади“, „Македонија вработува“, „Изградба на 150 игралишта за баскет“, „Средношколска среда“, „Бесплатни патувања за најдобреите студенти во Париз, Венеција и Барселона“, „Изградба на фитнес зони во 18 града низ Република Македонија“, меѓу кои и Куманово, како и други мерки и проекти кои ќе им бидат презентирани на граѓаните во четврток.

Ги покануваме сите млади луѓе од нашиот град да се приклучат и да бидат дел од победничкиот тим кој работи за подобра иднина на сите нас, затоа што не постои сомнеж за силата која ја поседуваме, моќта и способноста – вели Цветковски.

Младите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ на 11-ти овој месец ќе организираат и крводарителска акција која ќе се одржи во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ со почеток од 11 часот.