УМС ја отвори „Оливеровата капија“ на влезот од населбата Перо Чичо (фото)

Сподели со своите пријатели

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Куманово денеска на метафоричен начин предпрвоаприлски ја пушти во употреба „Оливеровата капија“ на влезот од населбата Перо Чичо, посочувајќи на мостот кој е затрупан во смет, а каде живее и пратеникот од редовите на СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

 

Loading...

 

„Триумфалниот смет“ како што посочуваат е именувана по херојот кој живее во населбата, за неговиот придонес за градот Куманово и населбата каде живее.

Тој е познат во населбата како голем борец за демократија, правда и подобар живот. Зад себе има огромно работно и политичко искуство што го прави светлосни години пред сите политичари во регионот. Заслужен е за хигиената во населбата, осветлувањето и сите комуналии. Улиците се асфалтирани, а во тек е и поставување на семафори и полиција како обезбедување пред секој дом во населбата. Секако дека не е точно ништо од претходно кажаното. Со оваа првоаприлска пародија сакаме само да го потсетиме Оливер Спасовски за местото од каде што потекнува и живее. Како Министер кој не е избран од народот, не се покажа доволно добро, како политичар низ КУманово исто така, сега човекот е пратеник и има големи амбиции, но да го потсетиме дека додека тој се занимава Македонија да биде двојазична и федерална неговите соседи во населбата Перо Чичо се дават во смет, кал и прашина – рече Радован Ристовски, УМС ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Како што посочи Ристовски влезот во наелбата и кејот се загадени со остатоци од стар отпад фрлен во реката и изгниени, скапани трупови н животни. Посочуваат дека и поголемиот дел од населбата има платено комуналии, а се уште нема одводна канализација и асфалт.

 

 

Тие испратија порака да го среди дворот кај што живее, а да понуди нешто корисно и за целата држава.

 

Loading...