Уметникот Зоран Арсовски – Бабата со самостојна изложба во Црна Гора

Сподели со своите пријатели

Академскиот авангарден уметник Зоран Арсовски – Бабата со своја самостојна изложба ќе учествува на меѓународниот уметнички Фестивал на светлината „Палатите блестат”, кој ќе се оддржи на 23 и 24 јуни 2023 година во најубавиот средновековен град на медитеранот Котор во Република Црна Гора.

Loading...

Овој фестивал се одржува по шести пат низ повеќе локаци во стариот дел на градот Котор. Организатори се Градската Галерија Котор и Центар за култура „Никола Ѓурковиќ” Котор.

Тие најавуваат фестивалот да трае два дена каде секоја вечер преку видео проекции ќе ги презентираат уметничките дела на секој уметник посебно во вид на самостојна изложба и обраќање на уметниците проследено со добра музика и пријатен амбиент, кадешто посетителите во една поинаква атмосфера ќе уживаат во уметничките дела.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово реализира бројни проекти со поддршка на меѓународни институции и прекугранични проекти

 

 

Арсовски на публиката ќе се претстави со дела кои се од неговиот најнов опус и се изработени во комбинирана техника со која тој е препознатлив на пошироката јавност со оригинален свој стил за кој веќе години наназад пишува и стручната уметничка фела на историчари и критичари на уметноста, за кое сведочат бројни рецензии за творештвото на Арсовски.

Тој на јавноста е познат по бројни концептуални самостојни изложби а оваа ќе биде негова 15-та самостојна изложба. Исто така има учествувано на повеќе од 60-тина групни изложби, проекти и фестивали, со кои има настапувано на Национално и многу повеќе на Меѓународно ниво во повеќе држави низ светот. За својата работа има добиено повеќе награди, признанија и дипломи.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец чувал елени во својата штала. Доби кривична пријава

Зоран Арсовски – Бабата роден е 1980 година во Куманово, Р Македонија. Дипломирал 2005 година и Магистрирал 2007 година на Националната ликовна акдемија во Софија, насока – Сликарство во класата на професорите Станислав Памукчиев и Божидар Бојаџиев. Член е на друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).