Умерено облачно со можни врнежи

Сподели со своите пријатели

И во четврток се очекува слично време како она кое го имавме во среда. Умерено облачно, со почесто зголемување на облачноста во источниот крај, пред се во североисточниот. Можно е повторно да има појава на слаби и повремени врнежи попладне и приквечер во планинскиот дел на североистокот, пишува порталот за временска прогноза МетеоПро.

Се на се, југозападниот регион ќе има најдолги сончеви периоди. Ќе дува умерен северозападен ветер, особено во источниот и повардарскиот регион.

Ќе биде и малку потопло во однос на среда. Максималната температура во котлините од југозападниот крај ќе има вредности околу 21°С. Пониските места во северниот регион ќе имаат максимална од 22°С до 24°С, а на југоисток околу 26°С.

Во Куманово и околината и денес ќе имаме услови за краткотраен дожд со грмежи, но и сончеви периоди и максимална температура од 22 степени целзиусови. Умерен на моменти и засилен северен, односно северозападен ветер ќе остане и денес.

Од утре започнува покачување на температурата, за да за викенд имаме температури и околу 30-от степен.