Умерено облачно и потопло, дневните температури во пораст

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта времето беше претежно ведро со мала до умерена облачност. Утрово по котлините има појава на магла и значителна ниска облачност со намалена видливост до 500 метри, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност.

Преку денот ќе биде сончево со умерена облачност и потопло. Ќе дува слаб до умерен, а на места вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе достигне од 17 до 21 степен.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од јужен, односно југоисточен правец.

Loading...

Температурата низ кумановско денеска ќе се движи од девет степени во утринските часови до максимални 17 во текот на денот.

 

 

Во следните денови се очекува позначителен пораст не дневните температури.

 

Никола Ивановски

Loading...