Ултра скап развод: Познат милионер има договор со поранешната сопруга: Еве што не смее да прекрши

Сподели со своите пријатели

Италијанскиот мултимилионер Флавио Бриаторе, кој деновиве ќе го прослави својот 71 роденден, е познат по својот бурен љубовен живот.

Loading...

Имено, секоја негова следна љубовница станува се помлада, а претприемачот очигледно нема намера да престане да ги менува жените.

 

 

Тој е во врска со моделот Марија Лудовико Кампано (24) од минатото лето, а според италијанските медиуми, тие се запознале една ноќ и се заљубиле на прв поглед. Младата убавица сака да објавува голи фотографии на Инстаграм, а на избраникот на нејзиното срце очигледно тоа воопшто не му пречи.

Пред тоа, Флавио беше во врска со 20-годишната студентка по право Бенадета Боси. Тие се запознале на модна ревија во Милано, но романсата не траеше долго.

Во минатото тој бил со Наоми Кембел и Хајди Клум, со која ја има и 15-годишната ќерка Лени, а љубовта што траела најдолго била онаа со Елизабет Грегорачи, со која бил во брак девет години.

Loading...

На крајот на минатата година, Елизабет ги изненади сите кога призна дека сè уште има договор со Бриаторе по разводот, според кој не смее да биде во јавност со новиот партнер три години по разводот.

 

 

Таа се развела од Флавио во 2017 година, а во брак го добија синот Нејтан. Останале во добри односи и се придржуваат на сè за што се согласиле кога застанале пред олтарот.

Според тој договор, во случај на развод, Елизабет не смее да се појавува во медиумите со друг маж. Во спротивно, таа ќе мора да плати многу високи казни.

– Потпишла договор и затоа не сме ја виделе со други мажи откако раскина со Флавио. Можеби се видувала со некого, но тоа е нејзина приватна работа – изјави извор близок на Елизабет за италијанските медиуми.

И самата призна дека цело време била во врска, но внимавала никој да не ја фотографира.

Loading...

– Флавио е посесивен, сето тоа го направив за негово добро – рече Грегорачи.

 

Leave a Reply