Техеран се закани дека ќе ги нападне електраните низ Блискиот Исток ако САД ја исполнат својата закана за бомбардирање на електраните во Иран.
Заканата на Техеран го загрозува и снабдувањето со електрична енергија и вода во арапските држави од Персискиот Залив, бидејќи во нивните електрани се наоѓаат постројки за десалинизација.
Нуклеарната централа во Обединетите Арапски Емирати е исто така на листата на цели за можни напади, која ја објави полуофицијалната иранска новинска агенција Фарс по заканата.
Нуклеарната централа Барака се наоѓа во пустината на запад од Емиратите, во близина на границата со Саудиска Арабија и Катар.
Листата ја објави и иранската судска агенција Мизан.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека САД ќе ги нападнат електраните на Иран во рок од 48 часа ако Техеран не се откаже од контролата врз Ормутскиот теснец, кој е важен за светскиот транспорт на нафта.
Рокот е пред полноќ денес.

