Улични борби во Северодонецк: „На Русите не им е грижа колку жртви ќе имаат“

Сподели со своите пријатели

Руските напади врз Северодонецк, последното големо упориште на украинските бранители во источниот регион Луганск, станаа толку интензивни што е невозможно да се процени бројот на жртвите и причинетата штета, соопштија вчера украинските власти.

Се верува дека уличните борби се во тек. Целата критична инфраструктура на градот е уништена, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Окупирањето на Северодонецк стана главна задача на окупаторите. Ним не им е грижа колку животи ќе треба да платат за обидот да го подигнат руското знаме на зградата на администрацијата во Северодонецк“, рече Зеленски во своето последно обраќање до нацијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Семејството Асад e во „златен кафез“: Башар сака да ја раскаже својата страна од приказната, но Русија не му дозволува

„Правиме се што можеме за да ја одбиеме оваа офанзива“, додаде тој.