Улицата „Руѓер Бошковиќ“ лоцирана во населбата Перо Чичо денеска доби асфалтна подлога во должина од 280 метри.

Увид во активностите на терен напраив и градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски кој истакна дека по многу петиции конечно се решава овој проблем на граѓаните.
Ова е завршна фаза, имавме многу петиции, примедби од граѓаните, затоа што има големи и убаво направени куќи, а немаше инфраструктура, денеска тоа го завршуваме, заобиколуваме еден поголем процент на инфраструктура во населбата Перо Чичо и на некој начин ги ублаживме комуналните проблеми. Паралелно во изминатите неколку дена завршивме друга лента на „Октомвриска револуција“, затоа што знаете имаше пропаѓање, слегнување од поставување на подземна атмосферска и канализациона мрежа од главниот колектор бидејќи имавме примедби од сообраќајното оделение на МВР, а за небезбедно возење направивме комплетна реконструкција на површина од 2.000 квадратни метри – вели Дамјановски.
Паралелно се работи и на улицата „Правда Спасовка“ и „Веселин Вујовски“ кои ќе бидат затворени и асфалтирани.
На некој начин ги остваруваме заложбите на развојната програма на локалната самоуправа за 2017та година. На некој начин ова е најдобар отчет пред граѓаните за тоа какви се реализациите – вели Дамјановски.


