Улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Куманово утре ќе биде затворена за сообраќај

Сподели со своите пријатели

Улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Куманово утре ќе биде затворена за сообраќај поради изведување на градежни активности.

Loading...

Прекинот на сообраќајот ќе се одвива во период од 06:00 до 14:00 часот.

– Ќе се работи на градежни работи и асфалтирање на направен премин за атмосферска канализација на крстосница со улиците „11 Октомври” и „Христијан Тодоровски Карпош”, како и на самата улица „Христијан Тодоровски Карпош“. Поради тоа улицата во овој период  ќе биде затворена за сообраќај, информираат од Општина Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply