Улицата „522“ во Ајдучка Чешма свечено пуштена во употреба (галерија)

Сподели со своите пријатели

Жителите на улицата „522“ во населбата Ајдучка Чешма веќе нема да живеат во кал и прав при малиот дожд, односно ветер, бидејќи улицата по неколку децении доби асфалт.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”359″]

 

Вчера градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски во присуство на претставници од локалната самоуправа и Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи свечено ја пресекоа лентата на улицата со која истата свечено беше пуштена во употреба.

Инаку ова е уште една улица која е дел од пролетната реконструкција и асфалтирање на поголем дел од улиците во приградските населби во Куманово. Претхнодно асфалт добија неколку улици од населбите Карпош и Којнаре.