Украл „Ферари“ па го фатиле затоа што немал пари за гориво

Сподели со своите пријатели

Полицијата на Сан Рафел привела човек од американската држава Џорџија под сомнение дека украл скапоцен „Ferari 488 GTB“.

Полиајците добиле дојава зачовек кој се однесува сомнително и бара пари за гориво за скапоцен автомобил, пренесува CBS.

Полицајците на лице место го пронашле Роки Хименез (36) од Џорџија кој тврдел дека автомобилот му припаѓа нему, но рекол и дека автомобилот бил на сервис последние две години, соопштила полицајката Лиса Холтон.

http://kumanovskimuabeti.mk/za-bezdomnici-ne-mozhe-ama-mozhe-za-chovek-so-ferari-video/

Loading...

На полицајците им рекол дека има документи како доказ за сопственост во својот ранец, меѓутоа по претресот не биле пронајдени, што го разбудило сомнежот.

Потоа бил повикан салонот на „Ферари“ во близина кој испратил претставник да го испита возилото по што било констатирано дека автомобилот вреден 245.000 долари е украден од сервисен центар во Сан Рафаело.