Украинските војници кои го бранат градот Харков стигнаа до државната граница со Русија, изјави во понеделникот гувернерот на провинцијата.
Гувернерот Олех Синегубов го изјави своето тврдење на комуникациската платформа Телеграм.
Естонија: Шведското и финското членство во НАТО ќе ја зголеми безбедноста на Балтикот
Тврдењето сè уште не може да се потврди и не е јасно колку војници стигнале до руската граница или каде точно.
Украинското Министерство за одбрана објави видео на кое, наводно, се гледаат голем број војници од територијалната одбрана на неодредена локација на границата.
„Тука сме, тука сме“, рече еден од војниците.
Белорусија најави распоредување на специјални сили долж границата со Украина
Си-Ен-Ен пишува дека и мала група војници прикажани на видеото рекле: Претседателе, успеавме!
Украинската војска во понеделникот соопшти дека „непријателот ги фокусира своите главни напори за да го спречи напредувањето на нашите војници“ во правец на границата.
Доколку оваа информација биде потврдена, тоа би значело дека украинската контраофанзива е се поуспешна во туркањето на руските сили на североисток, откако западните воени агенции соопштија дека офанзивата на Москва во регионот на Донбас е запрена.