Украинските војници ќе добиваат 3.400 долари месечно

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги зголеми платите на војниците.

Loading...

Тие ќе добива 3.400 долари месечно, пишува Киев Индипендент.

– Да знаат дека земјата им е благодарна – рече претседателот на Украина.

Да потсетиме, Зеленски денеска разговараше со Александар Лукашенко, претседател на Белорусија.

– Разговорот со Александар Лукашенко беше многу субјективен. Не сакам проектили и авиони да летаат од Белорусија до Украина. Не сакам војниците да доаѓаат во Украина од Белорусија. Тој ме увери во тоа – рече Зеленски во триминутното видео што го објави на Фејсбук.