Припадници на украинските сили за специјални операции, во соработка со други одбранбени единици, извршија напади врз неколку клучни цели во Русија и на окупираните територии, соопшти Главниот штаб на вооружените сили на Украина, пишува pravda.com.ua.
Една од погодените цели е рафинеријата за нафта Сизран во рускиот регион Самара.
Станува збор за една од најголемите рафинерии во системот Роснефт, која произведува широк спектар на гориво, вклучително и за млазни авиони, и учествува во снабдувањето на руските вооружени сили.
По ударот, во фабриката беа регистрирани пожари и експлозии.
Цел на нападот беше и командното место на 132-та посебна моторизирана стрелачка бригада на 51-та армија на вооружените сили на Русија.
Командата се наоѓаше во Јенакијево, во привремено окупираната област на регионот Донецк.
Генералштабот потврди дека и оваа цел е погодена, а обемот на штетата сè уште се утврдува.