Украинските сили успешно повратиле делови од Северодонецк

Сподели со своите пријатели

Британското Министерство за одбрана објави дека украинските сили успеале да повратат делови од Северодонецк, иако руската армија веројатно сè уште го држи источниот дел од градот.

Loading...

Се додава дека се претпоставува дека планот на руските сили е да го отсечат подрачјето на Северодонецк од север и југ, јавува Би-би-си.

– Во текот на месец мај Русија напредуваше на линијата Попасна, но минатата недела нејзиниот напредок во таа област беше запрен. Извештаите за тешко гранатирање во близина на градот Изум укажуваат на тоа дека руската армија се подготвува за повторен напад во северната област – според британското Министерство.

Оттаму додаваат дека на руската армија и е потребен пробив барем во една од тие области за да постигне оперативен успех и да направи исчекор кон својата политичка цел – целосна контрола на регионот Доњецк.

Два града од двете страни на стратешки важните реки, имено Северодонецк и Лисичанск, сега се речиси целосно уништени, додека руските артилериски единици се обидуваат да ги неутрализираат украинските бранители.

Украинскиот претседател Зеленски за време на неговата посета на речиси првата одбранбена линија во Северодонецк рече дека ова се сега мртви градови – речиси без живот.

Борбите се најинтензивни во тој град, со спротивставени извештаи за тоа кој всушност ја има контролата. Украинците тргнаа во контраофанзива, повторно зазедоа половина од центарот на градот, но се чини дека повторно претрпеа загуби.

Вистина е дека станува се потешко да се открие што навистина се случува во Северодонецк, пишува Би-Би-Си.

Loading...

Во понеделникот беше потврдено дека Русија загубила уште еден врховен командант. Руските државни медиуми објавија дека генерал-мајор Роман Кутузов бил убиен кој го предводел нападот врз едно украинско село.

Украина сега тврди дека убила 12 руски генерали – што е без преседан во модерното војување.