Украинските сили разнесоа мост за да спречат напредување на Русите

Сподели со своите пријатели

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските војници разнеле мост на реката Тетерив во Иванкив, на околу 50 километри северно од Киев.

Овој потег е одлучен, како што се вели, во обид да се спречи напредувањето на руската армија кон главниот град на Украина.

Министерството за одбрана на Украина соопшти дека рускиот напредок е запрен.